Го доби спорот со Мајнц и ќе донира пола милион евра за Газа

653

Холандскиот фудбалер Анвар Ел Гази ќе донира 500.000 евра за помош на децата во Газа откако го добил судскиот спор против германскиот бундеслигаш Мајнц. 29-годишниот фудбалер во јули ја доби судската тужба против Мајнц кој му врачи отказ по неговата објава на социјалните мрежи во кои пружи поддршка на Палестинците.

Првично Мајнц го суспендираше Ел Гази, а потоа во ноември го раскина договорот со него по неговите објави на социјалните мрежи.

Напаѓачот со мароканско потекло во меѓувреме поднел тужба, а судот пресудил во негова корист.

Мајнц, според германските медиуми, ќе мора да му исплати плата за следните девет месеци од договорот со вкупен износ од 1,7 милиони евра, а од тие пари пола милион ќе донира на децата во појасот Газа.

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Серхи Роберто е нов играч на Комо
СледноЕтапа од Вуелта стартуваше од супермаркет (видео)