Гринвуд ќе ја менува Англија за друга репрезентација

333

 

Напаѓачот на Марсеј, Мејсон Гринвуд ќе ја менува репрезентацијата, па во иднина место за Англија ќе игра за Јамајка, пренесува „ЕСПН“. 22-годишниот играч кој има само еден настап за Англија и тоа како резервен играч во мечот со Исланд во Лигата на нациите во 2020 година, поднел барање за државјанство на Јамајка, државата во која е родена мајка му.

Од друга страна ФС на Јамајка поднела барање за регистрација на напаѓачот и истото е во процедура.

Гринвуд беше обвинет за силување во февруари 2023 година и покрај тоа што тој демантираше дека направил такво нешто. Тој мина низ судови докажувајќи се, а потоа беше ослободен. Одлучи да ја возобнови кариерата надвор од Англија, сезоната 2023/24 ја мина во Хетафе каде што имаше успешни настапи.

Марсеј го купи од Јунајтед за 30 милиони фунти, а на мечот од првото коло во Лига 1 постигна два гола.

ПретходноПред неколку недели од Јувентус отиде во Астон Вила, а сега се враќа во Серија А
СледноБарса остана без Роке и Ленгле