Ди Марцио: Киеза се договори со Барса

209

Италијанскиот репрезентативец и фудбалер на Јувентус, Федерико Киеза наводно ги договорил личните услови со Барселона.

Како што јавуваат спортскиот новинар Џанлука Ди марцио трансферот на италијанскиот напаѓач е пред самиот крај и се чека само зелено светло од Јувентус. Новиот тренер на Јуве, Тиаго Мота го прецрта Киеза и оттогаш тој е на трансфер листата. По неуспешните обиди да се потпишат Нико Вилијамс и Рафаел Леао, Барса тргна по ѕвездата на Јуве. Јувентус бара 15 милиони евра за Киеза, додека пак Барса нуди 13.

Се чека само финален договор меѓу двата клуба и Киеза наскоро ќе заигра во каталонскиот клуб.

ПретходноНорис до пол позиција на „Зандворт“
СледноНико Гонзалез нов фудбалер на Јуве