Етапа од Вуелта стартуваше од супермаркет (видео)

92

Шестата етапа од полуларната велосипедска трка Вуелта или трката низ Шпанија започна на невообичаен начин. Етапата е долга 185,5 километри, а стартот беше во просториите на познатиот француски ланец на маркети Керфур кој е главен спонзор на Вуелта. Компанијата ја искористи шансата да се промовира и искористи една од своите продавници како место за одржување на трката.

Керфур ја спонзорира и црвената маичка која ја носи возачот кој е лидер на листата на натпреварувачи, а вработен од маркетот ја доделува по секоја етапа.
Ова не е првпат да се започне велосипедска трка. На трката на хронометар во 2013 година велосипедистите тргнаа од просторија која се користи за одгледување на школку во Галиција, а една година подоцна етапата тргна од носач на авиони.

ПретходноГо доби спорот со Мајнц и ќе донира пола милион евра за Газа
СледноКонечно договор: Лукаку се сели во Наполи