Жоао Педро го „реши“ Манчестер Ј.

107

Фудбалерите на Брајтон ја совладаа екипата на Манчестер Јунајтед со резултат 2:1, на отворањето на второто коло во англиската Премиер Лига.

По победата во првото коло против Фулам, фудбалерите на Манчестер Јунајтед важеа за фаворити на овој натпревар, но не успеаја да ги оправдаат очекувањата и го запишаа првиот пораз сезонава. Резултатот го отвори Дени Велбек во 32-та минута за водство на Брајтон и со тој резултат екипите заминаа на пауза. Во второто полувреме Јунајтед притискаше и успеа да стигне до погодок во 60-тата минута преку Амад Диало. Десет минути подоцна Гарначо постигна гол за целосен пресврт, но голот беше поништен поради офсајд. Во последните мигови на натпреварот фудбалерите на Брајтон го опколија шеснаесетникот на Манчестер Јунајтед и во 95-тата минута Жоао Педро постигна гол за победа на домаќините.

Во третото коло Јунајтед ќе ја пречека екипата на Ливерпул, додека пак Брајтон ќе гостува кај Арсенал.

ПретходноУругвајскиот шампионат прекинат поради колабирањето на фудбалер на Национал
СледноБраво: Барса е мал клуб, Манчестер Сити е гигант