Има само 16 години а 100 метри трча за 10.29 секунди! (ВИДЕО)

1468

Дали го имаме на повидок новиот Усеин Болт? Имено чудото од дете, како што го нарекуваат Гоут Гоут од Австралија, има само 16 години, а веќе завидни времиња на 100 метри.

Момчето кои има интересно име и презиме, неодамна на 100 метри успеа да истрча за само 10.29 секунди со што го запрепасти атлеткиот свет.

Стручњаците предвидуваат дека за неколку години би можел да биде првиот атлетичар во историјата кој 100 метри би ги истрчал за по 9.50 секунди. Да се потсетиме дека сегашниот светски рекорд на “стотка“ е во владеење на Болт со време 9.58 секунди.

На младиот Австралиец му се предвидува блескава иднина на 100 метри.

ПретходноЏирона го реализира најскапиот трансфер во својат историја
СледноОФИЦИЈАЛНО: Серхи Роберто е нов играч на Комо