Ипсвич го налути шампионот па Халанд врати со “хет-трик“, Тотенхем го декласира Евертон!

88

Убаво кажале некои од дамнешни времиња. Оној што е посилен од тебе немој да го нервираш, не покажувај сила, немој да го лутиш. Ете тоа денеска го направи Ипсвич на “Етихад“ па после гостинот се чудеше што го снашло. Смодиш даде гол за 0:1 во 7 минута, за да потоа од 12. до 16, Сити постигна три гола и го реши победникот. Да сакаше четата на Пеп Гвардиола да го засили темпото и ќе го стореше тоа, но немаше потреба. Во финишот Халанд постигна уште еден гол, вкупно трети на овој меч со што стави точка за конечни 4:1. Еден гол, оној вториот беше дело на Де Брујне. Да кажеме дека во игра влезе и Илкај Гундоган, по неговото враќање од Барселона.

Тотенхем со 4:0 го декласира очајниот Евертон, стрелци на головите беа Бисоума, два на Сон е еден на Ромеро.

Кристал Палас дома загуби со 0:2 од Вест Хем, стрелци за гостите беа Соучек и Боувен.

Фулам со 2:1 го победи Лестер, а Саутемптон на свој терен загуби од Нотингем Форест со 0:1.

ПретходноВМФЛ: Брегалница триумфално во Новаци, Победа го растури Борец
СледноКонсеисао си заминува од Порто, негова замена е Фабио Виеира