Консеисао си заминува од Порто, негова замена е Фабио Виеира

150

Франциско Консеисао ќе ја напушти екипата на Порто и ќе стане нов фудбалер на Јувентус објавува Фабрицио Романо.

Младиот португалец ќе му се придружи на Јуве на позајмица од една година без опција за откуп. За оваа позајмица Јуве ќе исплати 7 милиони евра, плус 3 милиони како бонус.

Порто веднаш пронајде замена за Консеисао и наскоро ќе потпише со фудбалерот на Арсенал, Фабио Виеира. Португалскиот фудбалер од везниот ред ќе му се придружи на Порто на позајмица од една сезона без опција за целосен трансфер.

 

ПретходноИпсвич го налути шампионот па Халанд врати со “хет-трик“, Тотенхем го декласира Евертон!
СледноРубен Гарсија и донесе победа на Осасуна!