Лајпциг подобар од Бохум, Елмас и Елези останаа на клупа

119

Фудбалерите на Лајпциг ја совлада екипата на Бохум со резултат 1:0 , на отворањето на новата сезона во Бундеслигата. Нашите репрезентативци Елиф Елмас и Агон Елези не успеаја да добијат минути на овој натпревар. Единствениот погодок го постигна Нуса во 59-тата мимжнута, само четири минути по неговото влегување од клупата.

На останатите натпревари во ова прво коло Хофенхајм ја совлада екипата на Кил со 3:2, Аугзбург и Вердер Бремен оддиграа ефектен натпревар кој заврши со резултат 2:2, Фрајбург одлично ја отвори новата сезона совладувајќи ја екипата на Штутгарт со 3:1, а Маинц и Унион Берлин ремизираа со резултат 1:1. На овие 5 натпревари беа покажани дури 2 црвени картони кои ги заработија Келати од екипата на Кил, како и Вили Орбан од екипата на Лајпциг.

Преостанатиот натпревар од денешната програма на Бундеслигата ќе го одиграат Борусија Дортмунд и Антрахт Франкфурт на „Сигнал Идуна Парк“ во 18:30 часот.

ПретходноНико Гонзалез нов фудбалер на Јуве
СледноВМФЛ: Брегалница триумфално во Новаци, Победа го растури Борец