Левандовски донесе победа, ама сите аплаузи за Јамал! (ВИДЕО)

724

Барселона го доби дербито во 2.коло во Ла Лига победувајќи го Билбао со 2:1. Победничкиот гол беше дело на Роберт Левандовски во 77.минута, ама сите аплаузи одат на адреса на Ламине Јамал кој во 24.минута постигна фантастичен гол за водство од 1:0.

Да споменеме дека гостите од Билбао израмнија на 1:1 со голот на Сансет во 42.минута.

Барса сега е максимална со 6 бода, но проблемите за Ханси Флик и натаму се тука, Дани Олмо сеуште не е регистриран.

 

ПретходноШансите за Астон Вила, победата за Арсенал! Дали е оваа таа сезона за “топчиите“?!
СледноРК Вардар е победник на турнирот “Крсте Андоновски“ во Охрид!