Нико Гонзалез нов фудбалер на Јуве

145

Фудбалерот на Фиорентина, Николас Гонзалез ќе стане нов фудбалер на Јувентус.

Аргентинецот наводно се договорил со торинскиот гигант и ќе биде член на Јуве до 2029-тата година. Се чека сеуште на договор помеѓу двата клуба. Фиорентина бара околу 40 милиони за крилниот напаѓач, но Јуве нуди 38 милиони. Се очекува овој трансфер да биде финализиран во наредните часови.

Фиорентина е заинтересирана и за услугите на репрезентативецот на САД и фудбалер на Јувентус, Вестон МекКени. Јувентус наводно дал зелено светло за овој трансфер и сега Фиорентина ќе се обиде да се договори со фудбалерот

ПретходноДи Марцио: Киеза се договори со Барса
СледноЛајпциг подобар од Бохум, Елмас и Елези останаа на клупа