Ништо од Челзи, Омородион се пресели во Порто

137

Младинскиот шпански репрезентативец Саму Омородион беше поврзуван со Челзи, но трансферот пропадна, па младиот играч место на „Стемфорд Бриџ“ заврши на „Драгао“ во Порто.

Атлетико Мадрид бргу се договори со Португалците и го испрати својот 20-годишен дефанзивец во португалскиот гигант.

Саму потпиша петгодишен договор со Порто и се сели за 15 милиони евра за 50% од правата на фудбалерот. Порто ќе го зголеми удделот од правата за 15% во 2025 година за пет милиони евра и дополнителнио 15% во 2026 година за уште пет милиони евра со што Атлетико вкупно би инкасирал 25 милиони евра за овој фудбалер.

Атлетико ќе добие 20% од парите при следниот трансфер на фудбалерот.

ПретходноВМФЛ: Брегалница на гости во Новаци, Победа го дочекува Борец
СледноСе заби во заштитниот ѕид, возилото се запали, за среќа, возачот излезе неповреден (видео)