Италијанскиот прволигаш Комо се засили со уште еден искусен фудбалер. Го донесе екс-играчот од средниот ред на Барселона, Серхи Роберто кој стави потпис на двегодишен договор. Некогашниот капитен на Барселона ова лето одлучи да го напушти „Ноу Камп“ и како слободен агент да му се приклучи на Комо.
Тренер на Комо е Цеск Фабрегас, а за овој клуб играат неколку ветерани како Симоне Верди, Андреа Белоти, Пепе Реина,Албертоп Морено и Рафаел Варан.