Парма го шокираше Милан, Удинезе со победа над Лацио!

61

Парма во меч од 2.коло во Серија А со стил успеа да го шокира големиот фаворит, тимот на Милан и да го победи со 2:1. Гигантот од Милано пред мечот важеше за голем фаворит, но Парма потсети на оние стари добри времиња од пред две децении.

Ман уште во 2.минута донесе водство на домашните, во 66.минута Пулишиќ израмни на 1:1 за да во 77.минута Канцилиери донесе голема радост кај домашните фанови, стрелаше за победа.

Во Удине домашниот тим на Удинезе исто со 2:1 го победи Лацио.

Стрелци на головите беа Лука и Таувен за домашните и Исаксен за гостите од Рим.

ПретходноДортмунд со победа ја стартуваше сезоната во Бундеслигата!
СледноШансите за Астон Вила, победата за Арсенал! Дали е оваа таа сезона за “топчиите“?!