Поради операција на лигаментите: Струга ТЛ не може да смета на Хадис Таири најмалку шест месеци!

241

Хадис Тари ќе биде надвор од терените најмалку шест месеци. Младиот офанзивен бек на Струга ТЛ вчера успешно беше подвргнат на операција на лигаментите на коленото, па сега го очекува долга пауза. Тој се повреди пред еден месец, следуваа детални лекарски прегледи, но сепак мораше да се оди на операција.

Ова е проблем за шампионот, односно стратегот Ќатип Османи зошто Таири беше еден од млади играчи кои беа на списокот за стартери по она правило за играч до 21.година, сепак и без тоа Таири добиваше минутажа.

Па така јасно е дека за него есенскиот дел заврши речиси и пред да почне, а дали ќе може да заигра во финишот на пролетната полусезона останува да се види.

ПретходноСе заби во заштитниот ѕид, возилото се запали, за среќа, возачот излезе неповреден (видео)
СледноПред неколку недели од Јувентус отиде во Астон Вила, а сега се враќа во Серија А