Пред неколку недели од Јувентус отиде во Астон Вила, а сега се враќа во Серија А

2642

 

Трансферниот „гуру“ во Италија, Џанлука Ди Марцио открива дека младиот играч Самуел Илинг џуниор ќе се врати во Серија А и покрај тоа што пред неколку недели направи трансфер во Астон Вила.

На 1 јули Астон Вила го објави трансферот на Самуел од Јувентус за 14 милиони евра плус 3 милиони во бонуси кои ќе ги исплати во период од четири години колку што е договорот на играчот со новиот клуб. Но сега Самуел се враќа во Болоња каде што ќе игра како позајмен фудбалер на една сезона и италијанскиот клуб нема опција за откуп на договорот.

Се работи за офанзивен крилен бек кој е роден во Англија и има играно за младинските репрезентации на Англија од У15 па до У21.

 

ПретходноПоради операција на лигаментите: Струга ТЛ не може да смета на Хадис Таири најмалку шест месеци!
СледноГринвуд ќе ја менува Англија за друга репрезентација