РК Вардар е победник на турнирот “Крсте Андоновски“ во Охрид!

199

Ракометарите на РК Вардар го освоија трофејот на меморијалниот турнир “Крсте Андоновски“ во Охрид откако во големото финале славеа против Алкалоид сио 25:23 (15:9). Па така по Тиквеш и Е. Пелистер екипата на Вардар е третиот победник на овој квалитетен турнир.

Вардар подобро го отвори мечот, ова финале, беше 7:2, па 11:3, а на пауза се замина со 15:9. Алкалоид едноставно како да не можеше да се снајде во оваа фаза од средбата.

Но затоа во момците на Кире Лазаров одлично го отворија второто полувреме, направија серија од 3:0 и тоа како се вратија во игра.

Сепак Вардар не дозволи никакво приближување во тие моменти, но тоа се случи во 52.минута кога разликата беше за -1 или 21:20 за Вардар.

Но тоа беше се што направи составот на Алкалоид, Вардар знаеше што треба во финишот и на крајот успеа да забележи победа со конечни 25:23 и да го освои трофејот на овој турнир.

ПретходноЛевандовски донесе победа, ама сите аплаузи за Јамал! (ВИДЕО)
СледноФутсал: Форца го растури Титоград и се пласира во елиминациската фаза во Лигата на Шампионите!