Селтик пет пати ја одбил Аталанта и го продаде својот играч за врска на Брајтон

812

Селтик го собори клупскиот рекорд во трансфери со тоа што се договори со Брајтон за трансфер на данскиот репрезентативец Мет О’Рајли за 30 милиони евра. „Скај Спорт“ пишува дека Селтик претходно одбил пет понуди на Аталанта за овој играч за врска, за потоа да го продаде на Брајтон.

Највисоката понуда на Аталанта изнесувала 25 милиони евра и бонуси, претходно и Атлетико добил „корпа“ за понуда од 23,5 милиони евра. Брајтон излезе со супер понуда од 30 милиони која Селтик ја прифатил.

О’Рајли имаше одлична сезона во Шкотска со 19 голови и 18 асистенции. Пред да отиде во Селтик бил во академијата на Фулам, а потоа во МК Донс од каде што Селтик го купил за 1,8 милиони евра.

 

ПретходноКонечно договор: Лукаку се сели во Наполи
СледноВМФЛ: Брегалница на гости во Новаци, Победа го дочекува Борец