Тен Хаг ја започна сезоната на изговори!

915

Пораз од Брајтон денеска во меч од 2.коло во Премиер-лигата. Манчестер Јунајтед во првото коло едвај победи, а сега на гостувањето кај Брајтон се видоа големиот број слабости на тимот од “Олд Трафорд“.

И кога е така, а така е, тогаш јасно е дека сезоната на изговори од страна на Ерик Тен Хаг веќе започна, така беше и лани, така е сега:

За нас разочарувачки се тие 2:1 ако знаеш дека во поголем дел од мечот си имал контрола. Ни одеше многу добро, но ете, примивме два лесни гола, моравме да реагираме многу подобро како тим. Фудбалот е игра која зависи од деталите. Имавме три – четири шанси и требаше да водиме уште по првиот дел, ќе разговараме за ова со играчите“ кажа по поразот менаџерот на Манчестер Јунајтед.

ПретходноРубен Гарсија и донесе победа на Осасуна!
Следно“Куп на Пријателство“: Пелистерци во финишот го напуштија теренот, па се вратија и на крај загубија во финалето!