Уругвајскиот шампионат прекинат поради колабирањето на фудбалер на Национал

112

Сите натпревари овој викенд во уругвајскиот фудбалски шампионат се откажани поради колабирањето на фудбалерот на Хуан Изкиердо.

Во четвртокот дефанзивецот на Национал за време на реванш натпреварот од Копа Либертадорес против екипата на Сао Паоло, изгуби свест и набргу беше хоспитализиран. Изкиердо во моментов е во болница и е во стабилна состојба.

Здружението за заштита на правата на фудбалерите во Уругвај објави дека поради новонастанатата ситуација сите лигашки натпревари овој викенд ќе бидат одложени.

ПретходноЈоќиќ ќе ги почести сите репрезентативци на Србија со нови „Ролекси“
СледноЖоао Педро го „реши“ Манчестер Ј.