Подолго време Динамо Загреб е нај, нај клубот на овие простори. И не само поради резултатите во Европа и титулите во Хрватска, и не само поради милионските трансфери што ги прави, туку и поради тоа што покажува дека како голем клуб знае да ги цени вредностите.
А факт е дека Стефан Ристовски е вредност. Па така вечерва во пресрет на мечот со Горица, Динамо како клуб му подари дрес на својот Риле за јубилејот – 150 одиграни мечеви за тимот од “Максимир“.
И се разбира дека капитениот на “модрите“, Аријан Адеми ја имаше таа задача да му го додели дресот на својот клупски а некогаш и репрезентавен колега.
Инаку и двајцата вечерва не беа во тимот на Динамо, кој славеше со 2:1 поради полесни повреди.