Футсал: Форца го растури Титоград и се пласира во елиминациската фаза во Лигата на Шампионите!

327

Нема што, браво за Форца, за нашиот шампион во Футсал кој дојде до историски успех за својот клуб. Имено вечерва во решавачкиот меч од групата бо рамките на прелимининарните квалификации, успеа да го победи, да го растури Титоград со 8:2 и со тоа да се пласира во елиминациската фаза во Лигата на Шампионите.

Три меча и три победи за првото место. Сосема заслужено за нашиот шампион.

Стрелци за головите на Форца беа Исмаили три, исто така и Дандан постигна два гола, а еден даде Петровиќ, исто еден беше дело на Бери, додека Делиќ си даде автогол.

Инаку натпреварите во оваа група се играа во малата сала “Јане Сандански“ во Скопје.

Уште еднаш, Футсал тимот на Форца од Куманово, успеа да се пласира во елиминациската фаза во Лигата на Шампионите.

ПретходноРК Вардар е победник на турнирот “Крсте Андоновски“ во Охрид!
СледноИнтер рутински против Лече за прва победа сезонава во Серија А!