Јоќиќ ќе ги почести сите репрезентативци на Србија со нови „Ролекси“

170

Кошаркарите на Србија остварија огромен успех на Олимписките игри во Париз освојувајќи го бронзениот медал, па поради тоа најдобриот кошаркар на светот, Никола Јоќиќ ќе им подари на соиграчите скапоцени подароци.

Се работи за часовници од марката „Ролекс“, чија што вредност изнесува 32 илјади долари, со што трикратниот МВП на НБА лигата ќе издвои вртоглави 357 илјади долари.

Новата сезона во НБА лигата започнува на 22 октомври, а Јоќиќ со своите Денвер Нагетски приот меч ќе го одигра на 25 октомври против екипата на Оклахома Тандер.

ПретходноБарса остана без Роке и Ленгле
СледноУругвајскиот шампионат прекинат поради колабирањето на фудбалер на Национал