Ова лето Џирона ги реализираше трите најскапи засилувања во својата историја. Со ред, до пред летото рекордот го држеше Артем Довбик, а но потоа го сруши Бојан Миовски кој дојде од Абердин за 8 милиони евра, потоа Абел Руиз за 9 милиони евра, а сега малиот каталонски клуб кој оваа сезона ќе дебитира во ЛШ го ангажираше Јасер Асприља за 18 милиони евра плус 7 милиони во форма на бонуси.
Се работи за 20-годишен Еквадорец кој дојде од англиски Вотфорд. Тој потпиша со Џирона до 30 јуни 2030 година.
Минатата сезона Асприља беше најдобар асистент на „стршените“ со 8 асистенции во 47 натпревари, а исто така постигна и 6 голови.