Напаѓачот на Марсеј, Мејсон Гринвуд ќе ја менува репрезентацијата, па во иднина место за Англија ќе игра за Јамајка, пренесува „ЕСПН“. 22-годишниот играч кој има само еден настап за Англија и тоа како резервен играч во мечот со Исланд во Лигата на нациите во 2020 година, поднел барање за државјанство на Јамајка, државата во која е родена мајка му.
Од друга страна ФС на Јамајка поднела барање за регистрација на напаѓачот и истото е во процедура.
Гринвуд беше обвинет за силување во февруари 2023 година и покрај тоа што тој демантираше дека направил такво нешто. Тој мина низ судови докажувајќи се, а потоа беше ослободен. Одлучи да ја возобнови кариерата надвор од Англија, сезоната 2023/24 ја мина во Хетафе каде што имаше успешни настапи.
Марсеј го купи од Јунајтед за 30 милиони фунти, а на мечот од првото коло во Лига 1 постигна два гола.