Интер рутински против Лече за прва победа сезонава во Серија А!

79

Интер – Лече 2:0 е крајниот резултат од натпреварот од 2.коло во новата сезона во Серија А. Ова беше прва победа за шампионот на Италија, откако во минатото коло на стартот ремизираше на гости кај Џенова.

Ова беше рутинска победа за момците на стратегот Симоне Инзаги.

Се беше полесно за “неро-аѕурите“ откако Дармијан уште во 5.минута за водство од 1:0. Конечните 2:0 ги постави Чалханоглу од пенал во 69.минута.

Интересно, ова беше 17 успешно изведен пенал на турскиот интернационалец во Серија А.

Лече не одигра така лошо, но сепак се знае кој е шампион.

ПретходноФутсал: Форца го растури Титоград и се пласира во елиминациската фаза во Лигата на Шампионите!
СледноШоу: Еве како Јокиќ го нервира Дончиќ! (ВИДЕО)