Ракометарите на РК Вардар го освоија трофејот на меморијалниот турнир “Крсте Андоновски“ во Охрид откако во големото финале славеа против Алкалоид сио 25:23 (15:9). Па така по Тиквеш и Е. Пелистер екипата на Вардар е третиот победник на овој квалитетен турнир.
Вардар подобро го отвори мечот, ова финале, беше 7:2, па 11:3, а на пауза се замина со 15:9. Алкалоид едноставно како да не можеше да се снајде во оваа фаза од средбата.
Но затоа во момците на Кире Лазаров одлично го отворија второто полувреме, направија серија од 3:0 и тоа како се вратија во игра.
Сепак Вардар не дозволи никакво приближување во тие моменти, но тоа се случи во 52.минута кога разликата беше за -1 или 21:20 за Вардар.
Но тоа беше се што направи составот на Алкалоид, Вардар знаеше што треба во финишот и на крајот успеа да забележи победа со конечни 25:23 и да го освои трофејот на овој турнир.