Со голот на Рубен Гарсија во 55.минута, попладнево во Памплона, домашната екипа на Осасуна успеа со 1:0 да слави над Мајорка. Едноставно Осасуна не ја повтори грешката на Реал Мадрид на стартот на сезоната во Ла Лига минатиот викенд кога одигра нерешено со Мајорка.
Се играша 55.минута кога Ороз двапати шутираше а гостинската одбрана двапати ги блокираше тие удари, за среќа на домашните топката до Рубен Гарсија кој успеа да го пронајде патот до мрежата на тимот на Мајорка. Гол за победа и три бода за Осасуна.