Ако не го следиш мечот а после слушнеш или прочиташ дека гостите победиле со 0:2, секако дека ќе кажеш дека е заслужено. Да, Арсенал победи со 0:2 на гости кај Астон Вила во дербито, и тоа е заслужено, но Вила сама си е виновна што не дојде барем до бод. Она што го промашуваа нејзините играчи и што му дозволија на гостинскиот голман Раја, навистина се граничи со невозможно, но така е тоа во фудбалот.
Арсенал победи со головите на Тросар во 67.минута и на Парти десет минути подоцна.
Сега има два од два и фановите на тимот на Микел Артета со право се прашуваат дали е ова таа сезона? Дали е време конечно за титула.