Кошаркарите на Србија остварија огромен успех на Олимписките игри во Париз освојувајќи го бронзениот медал, па поради тоа најдобриот кошаркар на светот, Никола Јоќиќ ќе им подари на соиграчите скапоцени подароци.
Се работи за часовници од марката „Ролекс“, чија што вредност изнесува 32 илјади долари, со што трикратниот МВП на НБА лигата ќе издвои вртоглави 357 илјади долари.
Новата сезона во НБА лигата започнува на 22 октомври, а Јоќиќ со своите Денвер Нагетски приот меч ќе го одигра на 25 октомври против екипата на Оклахома Тандер.