„Баварците“ добро се испотија за трите бода во Волфсбург

120

Екипата на Баерн Минхен тргна со триумф во новата сезона во Бундес лигата. Тоа беше прв меч на новиот тренер Венсан Компани на кормилото на баварскиот клуб кој сезонава прави обид да се врати на тронот кој лани го освои Леверкузен.
Баерн го совлада Волфсбург на гостински терен со 3:2.

„Баварците“ водеа на полувреме со голот на Мусиала во 20 минута. Но на стартот на второто полувреме нокаут за дефанзивниот ред на Баерн. Саша Бое направи прекршок во сопствениот шеснаесетник, па судијата покажа пенал за Волфсбург. Ловро Маер го изедначи резултатот.

Три минути подоцна истиот играч ја погоди левата статива. Но, сепак, Маер доби уште една шанса и погоди на асистенција на Вимер. Волфсбург го сврте резултатот на 2:1.
Баерн неочекувано се најде во позиција да го брка резултатот. Успеа да изедначи во 65 минута и тоа по невнимание на Јакуб Камински кој го измами својот голман и постигна автогол.
„Волците“ имаа нова шанса за водство, а шутот на Кевин Беренс во 73 минута мина покрај левата статива.
Но Баерн удри кога домашните најмалку очекуваа. Серж Гнабри во 82 минута реализираше погодок кој се покажа како победнички.

ПретходноЧелзи ги потона „волците“, три гола на Мадуеке, три асистенции на Палмер
СледноОсвојувач на медал од ОИ во Токио суспендиран на четири години