Претседателот на Одбојкарската федерација на Македонија, Петар Јовановски е избран за член на Управниот одбор на Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ). Тоа се случи на денешното Генерално изборно собрание кое се одржа во Неапол.
Јовановски е еден од осумте членови на Одборот на административци на ЦЕВ во мандатот на новиот претседател, Хравтот Роко Сикириќ.