Ете и тоа го има, и тоа се случува во Ла Лига во една од најсилните лиги во Европа и светот.
По цели две децении, последен пат во 2003 година, натпревар во Ла Лига заврши без ниту еден удар кон противничкиот гол. Вчера на средбата Гетафе – Рајо Ваљекано мина без ниту еден шут кон еден од двата гола.
Секако дека мечот заврши 0:0 и тоа е четврти пат на последните шест меѓусебни мечеви овие две екипи да играат без голови.
Шокатно, нема што.