Адеми двоен стрелец: Шкендија си се „прошета“ низ Струмица, па сега е лидер на табелата!

954

Вечерва во Струмица во последниот меч од 3.коло во ПМФЛ, Шкендија со 0:2 славеше против Брера. Стрелец на двата гола беше Адеми, кој уште еднаш покажа дека е одличен напаѓач. Тетовци беа подобри, одиграа како што треба и заслужено победија. Со овие три бода Шкендија е лидер на табелата по 3.коло во ПМФЛ.

Шкендија со агресивна игра и атак кон противничкиот гол го отвори натпреварот. Во првите 120 секунди тетовци изведоа дури три корнери, но гол немаше. А можеше да го има во 11.минута кога Ибраими од 10 метри имаше идеална шанса, но шутираше по средината на домашниот гол и тоа му овзоможи на голманот Купанов да одбрани.

Шкендија беше подобра, имаше повеќе закани кон домашниот гол и тоа преку Шаља, Адеми… но на пауза се замина со тие непопуларни 0:0.

Само што започна вториот дел, се играше 47.минута кога Ахмеди со супер асистенција му овозможи на Адеми да се најде сам пред Купанов и да го матира за водство на Шкендија од 0:1.

Тоа беше знак конечно Брера да ја отвори играта, немаше веќе што да се чува.

Но, во 62.минута Шкендија веќе водеше со 0:2. Ибраими од лево сакаше да пласира кон голот на домашните, топката се одби од еден домашен играч и дојде до осамениот Адеми на кого не му беше тешко по вторпат да го совлада Купанов за 0:2.

Домашните по вториот примен гол и дефинитивно тргна на се или ништо, имаше неколку закани, се направија неколку измени, но Шкендија умешно знаеше како да ги отстрани сите опасности по својот гол. Имаше и Шкендија свои шанси за 0:3, но сепак на крајот резултатот гласеше 0:2.

Табелата по ова комплетно 3.коло изгледа вака:

Шкендија 7, Гостивар 7, Работнички 7, Струга ТЛ 6, Шкупи 4, Пелистер 4, Силекс 3, Тиквеш 3, Беса 3, Брера 3, Вардар 3, Воска 1…

ПретходноРеал Мадрид е без пораз на 34 последователни натпревари во Ла Лига
СледноПораз од Грција: Шансите за ЕП ќе ги бараме следното лето (ФОТО)