Попладнево од 16 часот, на стадионот на Чаир во рамките на 3.коло во ПМФЛ, ново скопско дерби, нова “Битка за Скопје“. Играат Шкупи и Вардар и се очекува супер интересен меч.
Вардар по победата над Пелистер во минатото коло секако дека на ова дерби влегува со поголема самодоверба. Желбата е да се одигра добро, да се покаже што може Вардар и секако да се дојде до позитивен резултат.
Азер Омерагиќ, младиот напаѓач на Вардар за “СпортСпорт“ пред денешното гостување на Чаир истакнува:
“Секако дека победата над Пелистер во минатото коло и тоа како добро ни дојде. Нашите мисли се позитивни, веруваме во себе и во нашите квалитети. Ова е голема ривалство, кога играат Шкупи и Вардар секогаш е интересно. За нас амосферата на Чаир и полните трибини, треба да бидат дополнителен мотив. Ние не криеме дека одиме по позитивен резултат. Сакаме да се прикажеме во квалитетно издание, се разбира и да ја оствариме целта, а таа да се дојде до добар резултат за нас. Секоја чест за Шкупи, максимално го респектираме, но Вардар си има свои амбиции на ова дерби“ потенцираше Азер Омерагиќ кој да потсетиме дека во минатото беше дел и од тимот на Шкупи.