Вчера во Премиер-лигата, Манчестер Сити со 4:1 го победи Ипсвич, а хет-трик постигна Ерлинг Халанд. Уште едно добро издание на Норвежанецот кој продолжува да ги “тероризира“ противничките одбрани.
Ова за него беше 94 гол за Сити на 101 натпревар, и ги освои сите можни трофеи освен Лига Купот.
Инаку ова за него беше и 22 хет-трик во кариерата, иако има само 24 години.
По мечот дел од новинарите го запрашаа Пеп Гвардиола дали Халанд, по се она што го прикажува во Сити, со оглед на бројките што ги има, е најкомплетниот напаѓач во историјата.
А Пеп без многу размислување одговори:
“Не, тоа е Лео Меси! Такво нешто јас досега не сум видел“ посочи Гвардиола.