Работнички конечно, конечно успеа да слави над Струга ТЛ како домаќин. Попладнево на Арената во Скопје, тимот од Градски парк со 2:0, со прекрасните голови на Гандо и Аломеровиќ успеа да дојде до нови три бода, па така сега со 7 бодови е на делба на првото место на табелата во ПМФЛ заедно со тимот на Гостивар.
Инаку ова беше само втора победа на Работнички против Струга ТЛ во 19 натпревар.
За “СпортСпорт“ свој коментар даде Горан Станиќ, кој не го криеше своето задоволство:
“Традицијата е тука за да се урива, ете тоа се случи. Секако дека сум задоволен од победата. Победивме силен тим, го победивме шампионот. Струга ТЛ важеше за фаворит со оглед на играчкиот кадар што го има и одличниот тренер на клупата. Од друга страна нашите играчи навистина одиграа добро, го исполнија се она што се договоривме и затоа им честитам еве јавно преку вашиот медиум. Се разбира дека има простор за напредување, за тоа ќе мислиме од утре“ потенцираше одличниот стручак кој со Работнички навистина прави чуда.