Даниел Аврамовски со два гола донесе победа за Болуспор

1110

Екипата на Болуспор славеше победа со 2:1 над Ерокспор во 3.коло во Втората турска лига, благодарение на македонскиот интернационалец Даниел Аврамовски. Поранешниот фудбалер на Вардар, Македонија ЃП и на Работнички стрелаше во 45 минута за водство на својот тим, а потоа и во 81 минута за победа.
Тоа е прва победа за Болуспор во новата сезона, а за Аврамовски тоа се првите голови за овој тим.
Аврамовски претходно играше уште за Сараево, Кајзери, Олимпија Љубљана, Војводина, Црвена Звезда.

ПретходноПрвиот човек на македонската одбојка избран во Управниот одбор на ЦЕВ
СледноНавивачите на Борусија Дортмунд протестираа против спонзорскиот договор