Дуплантис повторно „прелета“ светски рекорд

325

Актуелниот олимписки шампион и светски рекордер во скок со стап, Aрманд Дуплантис повторно го сруши светскиот рекорд.

На денешниот митинг на дијамантската лига во Швајцарија, Дуплантис скокна неверојатни 6,26 метри надминувајќи го сопствениот најдобар резултат и така постави нов светски рекорд. Дуплантис беше актуелен светски рекордер откако на олимпијадата во Париз го сруши светскиот рекорд и прескокна 6,25 метри. На секој следен настан Дуплантис ќе ја подига летвичката за еден сантиметар и така ќе се обиде да поставува нови светски рекорди. Познато е дека за секој урнат светски рекорд тој добива сума од 100 илјади долари. Од митинг во митинг, Дуплантис докажува дека е најдобриот скокач со стап на сите времиња.

Исто така денес и норвешкиот тркач Јакоб Ингебритсен постави светски рекорд на трката на 3000 метри, откако истрча со време од 7 минути 17 секунди и 55 стотинки.

ПретходноЛиверпул рутински ја обезбеди втората победа
СледноРома договорила репрезентативец на Саудиска Арабија