Екстра засилување во редовите на Тиквеш. Имено кавадарчани успеаја да го ангажираат одличиот голман Ристе Јанков. Секако дека тоа ќе биде големо, големо засилување за тимот на стратегот Ѓорѓи Мојсов кој денеска и покрај големиот број шанси во Гостивар, беше поразен од составот на Беса.
Инаку Јанков покрај Работнички имаше и интернационална кариера, а последен клуб му беше Брегалница. Важи за еден од нашите најдобри голмани.