“Лавовите“ со триумф и во Куманово!

533

Башкими – Македонија ЃП 1:2 е епилогот од последниот меч од 2.коло во ВМФЛ. Овој меч се одигра попладнево и гостите од Ѓорче со овој триумф имаат два од два во првите две кола.

Македонија ЃП поведе со голот на Крсте Велкоски во 45.минута, за да Башкими израмни на 1:1 со голот на Демир Хусеин во 80.минута. Победа за “лавовите“ ја обезбеди Симеон Христов со гол во 90+2.минута.

Сега со овие три бода, Македонија ЃП по 2.коло заедно со Аресими и Брегалница го дели првото место на табелата во ВМФЛ.

ПретходноЧаир во еуфорија: Шкупи е “главен“ во Скопје! (ФОТО)
СледноРезервистите на Реал донесоа победа над Ваљадолид