Возачот на Мекларен, Ландо Норис е победник на трката за Големата награда на Холандија која се одржа на патеката „Зандворт“. Од стартот Норис тргна силно и доминираше на патеката па на крајот ја забележа втората победа во шампионатот оваа сезона и притоа ја прекина доминацијата на Ферстапен на оваа патека кој победуваше на трите претходни трки.
Макс водеше 17 круга, но на почетокот на 18-от круг, откако Норис методично го стопи своето водство, Верстапен не беше во можност да го одбрани нападот на неговиот ривал.
Норис е првиот возач на Мекларен кој стартувал од пол позицијата и запишал победа по Луис Хамилтон во 2012 година на Италијанското ГП.
Второто место му припадна на актуелниот шампион Макс Верстапен од Ред Бул, а трет заврши Шарл Леклер од Ферари. Топ 5 го комплетираат Оливер Пиастри од Мекларен и Карлос Сајнц од Ферари.