Ливерпул рутински ја обезбеди втората победа

63

Ливерпул оствари нова победа во Премиер Лигата совладувајќи ја екипата на Брентфорд со 2:0.

Избраниците на Арне Слот продолжија со одличните партии и без големи потешкотии запишаа нови три бода. Од стартот на мечот фудбалерите на Ливерпул имаа поголема иницијатива и водството пристигна уште во 13-тата минута преку Луис Диаз. Во второто полувреме Ливерпул продолжи да ја контролира играта, па така во 70-тата минута Салах ја запечати победата на домаќините.

Во следното коло Ливерпул ќе гостува на „Олд Трафорд“ каде ќе се соочи со најголемиот ривал Манчестер Јунајтед.

ПретходноГоран Станиќ: Победивме силен тим, го победивме шампионот, честитки за играчите на Работнички!
СледноДуплантис повторно „прелета“ светски рекорд