На Руни му беа потребни 472 меча во ПЛ за да дојде до седмиот хет – трик, на Халанд само 68!

382

Иако одигра само 68 натпревари во Премиер-лигата, уште сега може да се каже дека е легенда на оваа лига. Се разбира дека тука мислиме на Ерлинг Халанд кој вчера против Ипсвич го постигна својот 22 хет – трик во кариерата или седми во Премиер-лигата.

За тие седум хет-трика на фамозниот Норвежанец му беа потребни само 68 меча. Како за споредба, да дојде до ова достигнување, на еден Вејн Руни му беа потребни дури 472 меча, па сега видете кој е кој.

На второ место е Алан Ширер со 119 натпревари во ПЛ, потоа следуваат Хари Кејн со 134, Роби Фаулер 175, Мајл Овен 185, Серхио Агуеро 200, Тиери Анри 220 и на веќе споменатиот Вејн Руни у беа потребни 472 средби во ПЛ за да доде до седмиот хет – трик.

Едноставно Халанд испишува историја.

ПретходноШокантно: Натпревар од Ла Лига заврши без удар кон противничкиот гол! (ФОТО)
СледноФормула 1: Албон дисквалификуван, Хамилтон казнет