Ново засилување на тимот кој го предводи Цеск Фабрегас. Новиот италијански прволигаш Комо ги засили своите редови со 21-годишниот Максимо Пероне од Манчестер Сити, со тоа што момчето од Буенос Аирес за „граѓаните“ одигра вкупно 20 минути.
Од Сити во него препознаа талент па во 2023 година го земаа во своите редови откако тој одигра само една сезона за А тимот на Велез Сарсфилд. Минатата сезона беше позајмен во Лас Палмас.
Сега оди на позајмица во Комо. А италијанскиот прволигаш ова лето ги донесе Емил Аудеро, Габриел Стрефеза, Андреа Белоти, Јаник Енгелхарт, Алберто Досена, Рафаел Варан, Серхи Роберто, Алберто Морено, Пепе Реина…
Дома Меѓународен фудбал Италија Новиот италијански прволигаш ангажираше млад играч на Манчестер Сити