Освојувач на медал од ОИ во Токио суспендиран на четири години

201

Освојувачот на бронзениот медал на трката на 110 метри со препреки на Олимписките игри во Токио, Роналд Леви е суспендиран на четири години од страна на Антидопинг комисијата на Јамајка.
Леви имал позитивен тест на забранети супстанции сулфон и сулфоксид од тестирањето на 9 октомври 2023 година. На него му беше забрането да се натпреварува од ноември 2023 година, а сега стигна и потврда за четиригодишна суспензија.
Казната му почнува токму од 1 ноември 2023 година и ќе трае до ноември 2027 година.

Претходно„Баварците“ добро се испотија за трите бода во Волфсбург
СледноИнгебригтсен го подобри светскиот рекорд на 3000 метри