Осимен го шокирал Челзи, побарал 30 милиони евра годишно!

373

Дали пропаѓа трансферот на Виктор Осимен во Челзи? Кога се чинеше дека Нигериецот и дефинитивно ќе се пресели од Наполи во Лондон, и тоа во Челзи, сепак нема договор.

Имено како што пренесуваат медиумите на Островот, Осимен од “сините“ побарал неверојатна неделна плата од 590.000 евра или 30 милиони евра годишно. Тоа негово барање било шок за Челзи, па сега следуваат нови преговори и разговори.

Иако се наведува дека ако Осимен не ја намали бараната сума, тогаш Челзи и дефинитивно ќе се сврти кон некој друг напаѓач.

Ако ова е точно, тогаш и Арсенал тешко дека би го ангажирал Осимен, тии 30 милиони евра се многу за еден Челзи, а посебно за Арсенал.

ПретходноСтефан Јевтоски: Се надевам дека Струга ТЛ ќе го победи Работнички!
СледноМега – дерби на Чаир: Шкупи и Вардар со нови тренери во “Битката за Скопје“!