ПМФЛ: Шампионот му гостува на својот редовен “пациент“, Брера ја дочекува Шкендија, Тиквеш по бодови кај Беса….

281

Попладнево се играат сите шест средби од 3.коло во ПМФЛ. Во сенка на мега – дербито на Чаир каде Шкупи го дочекува Вардар, се играат сите останати натпревари.

И веднаш на почеток. Според традицијата, ако е нешто сигурно, тогаш тоа е дека Струга ТЛ ќе го победи Работнички на Арената или во најлош слулчај нема да загуби.

Изгледа неверојатно за еден од нашите најтрофејни клубови, мислиме на Работнички, да има само една победа на досегашните дуели со Струга ТЛ и да нема ниту една победа на свој терен против стружани.

На досегашните 18 мечеви, Струга ТЛ победила 11 пати, Работнички само еднаш и тоа пред четири години во Струга, а шест средби завршиле без победник.

И затоа велиме дека Струга ТЛ денеска гостува кај својот редовен “пациент“.

Брера по онаа катастрофа во Кратово ќе ја дочека Шкендија, која пак во минатото коло дома едвај дојде до бод против разиграниот Работнички. Ова ќе биде меч во кој и двете екипи не смеат да загубат.

Силекс на крилјата на убедливата победа против Брера со 4:0,оди во Битола кај Пелистер. Ако момците на Васоски одиграат како минатата недела едноставно Пелистер нема што да бара денеска пред своите фанови.

Тиквеш на гости кај Беса треба и дефинитивно да покаже дали може да освојува бодови од страна. Ако сака битка за висок пласман мора да победува и на гости, тука нема дилеми.

И во Охрид домашната Воска ќе ги одмери силите со Гостивар, кој во првите две кола од сезоната одигра добро и освои четири бода, па сега е на делба на второто место на табелата.

ДВОЈКИ ЗА 3.КОЛО – ДЕНЕСКА (16 Ч)

Гостивар: Беса – Тиквеш

Скопје: Работнички – Струга ТЛ

Битола: Пелистер – Силекс

Скопје: Шкупи – Вардар

Охрид: Воска – Гостивар

Струмица: Брера – Шкендија (20 ч)

ТАБЕЛА: Струга ТЛ 6, Гостивар 4, Шкендија 4, Работнички 4, Силекс 3, Тиквеш 3, Вардар 3, Брера 3, Воска 1, Пелистер 1, Шкупи 1, Беса 0….

ПретходноИнцидент во ПЛ: Рекламни билборди се урнаа врз дете задолжено да ги враќа топките!
СледноНевидена бламажа: Зарем ова е најдобриот голман на Англија?! (ВИДЕО)