ПМФЛ: Шкупи ја доби “Битката за Скопје“, Работнички го урна шампионот, историја за Беса, Пелистер и Гостивар со победи! (ВИДЕО)

1012

Попладнево се одиграа петте натпревари од 3.коло во ПМФЛ. Шкупи на Чаир ја доби “Битката за Скопје“, го победи Вардар со 3:0 и тоа со головите на Гуџуфи и Ибиши од пенал, во последните секунди Гуеје даде гол за крај на ова дерби. Значи супер деби на клупата имаше Матија Мирков. Нема што, чаирчани беа подобри и заслужено славеа. Имаа шанси за уште некој гол. Вардар во второто полувреме се обиде да се наметне, имаше и неколку обиди, но сепак како што рековме Шкупи беше подобар на оваа средба.

Работнички со двата супер гола на Гандо и Аломеровиќ уште во првото полувреме, дојде до победа од 2:0 против Струга ТЛ. Ова е првпат Работнички на свој терен да слави над тимот од Струга. Овој Работнички покажува сила.

Беса со 1:0 го победи Тиквеш, голот го постигна Љатифи во финишот. Ова се први историски бодови, прва историска победа на тимот од Добри Дол во ПМФЛ.

Гостивар си гази, победи и кај Воска со 0:2 во Охрид и тоа со головите на Машике и Симоновски.

Пелистер славеше над Силекс со 1:0 и тоа со голот на Мирко Ивановски.

Вечерва од 20 часот во Струмица играат Брера и Шкендија со што ќе се комплетира колото.

РЕЗУЛТАТИ ЗА 3.КОЛО

БЕСА – ТИКВЕШ 1:0

(Љатифи 80./)

ПЕЛИСТЕР – СИЛЕКС 1:0

(Ивановски 52./)

РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТЛ 2:0

(Гандо 26., Аломеровиќ 40./)

ШКУПИ – ВАРДАР 3:0

(Гуџуфи 33., Ибиши (п) 56./)

ВОСКА – ГОСТИВАР 0:2

(/Машике 30.,Симоновски 87.)

БРЕРА – ШКЕНДИЈА (20 Ч)

ПретходноИнгебригтсен го подобри светскиот рекорд на 3000 метри
СледноЕкстра засилување: Тиквеш го договори голманот Ристе Јанков!