Вечерва на стадионот “Благој Истатов“ во Струмица се игра последниот меч од 3.коло во ПМФЛ. Се среќаваат Брера и Шкендија, а по првото полувреме резултатот е 0:0.
Тетовци беа подобри, имаа иделна шанса преку Ибраими во 11.минута и неколку опасни закани по голот на домашниот голман Купанов.
Се игра под рефлектори пред околу 1.000 гледачи на трибините.
Реално од Брера повеќе се очекуваше, но веројатно катастрофалниот пораз минатото коло во Кратово си го стори своето. Во првото полувреме Брера беше крајно резервирана. Само во финишот се обиде да дојде до водство.